Успешните соработуваат со успешните
Правењето фестивал е сложена, но и скапа работа. Во текот на
изминатите 14 години фестивалот “Охрид фест - Охридски трубадури” не би бил тоа што е без финансиската поддршка на многу спонзори,
докажани пријатели на фестивалот и музиката воопшто. Ако инвестирате во нашиот фестивал, за возврат ја добивате следната маркетиншка презентација во рамките на фестивалот, и тоа:
- Вашите спотови се емитуваат во директните преноси од фестивалот.
- Вашето лого се наоѓа на фестивалските плакати, на влезните билети и на омотите на фестивалските компакт дискови.
- Вашите рекламни пораки се дел од фестивалските билтени.
- Вашите спотови се постојано емитувани на видео бимот кој ќе се наоѓа на фестивалската сцена.
- На кајрон се емитуваат Вашите рекламни пораки во тек на преносот од фестивалот.
- Вашите претставници се дел од жири комисијата и доделуваат некоја од наградите.
- Вашето лого е печатено во најтиражни весници во Македонија.
- За вашите вработени или деловни партнери добиваат бесплатни влезници за фестивалските приредби.