Охридски трубадури шанса за вистински пробив
Стотина акредитирани новинари од најзначајните медиумски куќи во Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенијам Црна Гора, Русија, Белорусија, Малта, Италија секоја година го следат фестивалот ОХРИД ФЕСТ –ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ.
Минатата година директен телевизиски пренос од фестивалот емитуваше А1 ТВ, а преку сателитската програма на А1 Плус преносот го гледаа и гледачите од неколку континенти.
Директниот телевизиски пренос го преземаа и
- РТВ Црна Гора ( Црна Гора)
- ТВ Метрополис ( Србија)
- Фен ТВ ( Бугарија)
- Балканика (Бугарија)
- ТВ Белами ( Србија)
- ТВ Ппарика ( Словенија)
- ТВ Нет ( Малта)
Повеќе од 6 000 000 гледачи го следеа фестивалот минатата година
Секоја година фестивалот го следат и следните печатени медиуми : Време, Шпиц, Дневник, Утрински весник, Вест, Вечер, Теа Модерна, Македонска Музичка Мрежа ( музички сајт), Свет (Србија) , Политика (Србија) , Вечерње новости (Србија) , Експрес (Босна и Херцеговина), Образи ( Хрватска)...
Медиумски покровители се и: Радио Рос, Скај радио, Радио Роса...
Но најважно е дека:
- Нашиот фестивал не трае само колку што траат ТВ преносите . Во текот на целата година хитовите од Охрид Фест Охридски трубадури се слушаат низ целиот Балкан.
Во текот на сите фестивалски вечери , нашите значајни деловни партнери имаа своја презентација и низ оваа соработка со медиумите, се создаде атмосфера на исклучителна доверба во вредностите кои ги нудат нашите спонзори, затоа што ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ се гаранција за квалитет - TRADE MARK!