За фестивалот

Почитувани пријатели на музиката,

Добредојдовте на страницата на  Интренационалниот музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури 2008 , кој годинава го слави големиот јубилеј – 15 години постоење и збогатување на македонската и балканската музика!

Фестивалот ОХРИД ФЕСТ ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ веќе деценија и половина претставува најтранспарентен и најисплатлив маркетингшки проект , кој Ви овозможува со еднократно вложување да си обезбедите реклама во текот на целата година,
Осврнете се на минатогодишните Трубадури и медиумскиот гламур со кои што беа проследени и ќе видите колку тие песни траат на разни телевизии. На тој начин ќе сфатите во која мера се исплатува соработката со нас.
Охридските трубадури кои можат да бидат и Ваши , во изминатите 15 години станаа синоним за квалитет благодарение на : 

  • големиот број фолк и поп хитови , од кои некои се веќе евергрин 
  • безпрекорната организација
  • уверливиот и решителен маркетинг
  • одговорните луѓе кои се способни со својата професионалност да застанат зад најкомплицираните деловни потфати
  • големиот број деловни пријатели

Ние без лажна скромност , успеваме да создадеме сериозен музички фестивал со традиција. Според мислењето на публиката, музичката критика и големиот број деловни партнери , Охридските трубадури се :

  • најголем регионален музички фестивал
  • фестивал кој завзема значајно место на картата на музички случувања
  • фестивал во кој вреди да се инвестира

 

Фестивалски вечери


Вести

[18.08.2010]

ВНИМАНИЕ: ПОЧНУВА ГЛАСАЊЕТО ЗА ВЕЧЕРТА НА НОВИ ЅВЕЗДИ И ЗА ФОЛК ВЕЧЕРТА

повеќе

[17.08.2010]

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ за учесниците на Охрид фест - охридски трубадури 2010

повеќе

[17.08.2010]

Винаријата СТОБИ - генерален покровител на “Охрид фест 2010”

повеќе

[17.08.2010]

ХОТЕЛОТ РИВИЕРА - Главен спонзор на „Охрид фест 2010„

повеќе