Вести
06.10.2009
ПРЕКУ "ОХРИД ФЕСТ" ДО "СУНЧАНЕ СКАЛЕ 2010"
Како резултат на соработката помеѓу фестивалите "Охрид фест – охридски трубадури" и "Сунчане скале", распишуваме конкурс на кој можат да се јават сите млади пејачи од Република Македонија, кои сакаат да учествуваат во "Вечерта на млади надежи" на фестивалот "Сунчане скале 2010". Сите заинтересирани млади пејачи од Република Македонија треба да испратат своја демо снимка, биографија и фотографија на следниот е-маил: ohridfest@yahoo.com, најдоцна до 1-ви март 2010 година. Советот на фестивалот "Охрид фест – охридски трубадури" ќе одлучи кои тројца млади пејачи од Република Македонија ќе настапат на фестивалот "Сунчане скале 2010" во Херцег Нови.