Зошто на ОХРИДФЕСТ

Затоа што е најголема летна музичка манифестација во регионот. Затоа што ја пренесуваат во живо 9 ТВ станици од Европа, Австралија и УСА. Затоа што туристичката сезона во Охрид ја продолжуваме до крај на август со гости од цела Европа.

Добредојдовте на нашата веб страна

Овде можете да најдете многу корисни информации за нашите учесници така, за програмата од нашиот почеток па до денес, за тимот кој се грижи за нашата организација и многу други интересни содржини кои се поврзани со нас.

Организација

16 години ИМФ Охрид Фест Охридски Трубадури го води екипа професионалци која се грижи за беспрекорната организација, од распишување на меѓународен конкурс за композиции, селектирање учесници за фестивалот, усвојување идејни решенија за сцената и...


Прес центарот во Хотелот Ривиера

Прес центарот на фестивалот "Охрид фест – охридски трубадури 09 " ќе биде сместен во Хотелот РИВИЕРА, во строгиот центар на градот Охрид. Таму новинарите ќе можат да ги добијат сите информации за фестивалот.

Во Прес центарот во Хотелот Ривиера сите учесници и новинари ќе можат да си ги подигнат своите акредитации.
Сите Прес конференции и промоции ќе се одржуваат во Хотелот Ривиера, со почеток во 12 часот. Прес конференција ќе има на 27-ми, 28-ми и 29-ти август.
По завршувањето на секоја фестивалска вечер, во Хотелот Ривиера ќе се одржуваат фестивалските дружења и забави до раните утрински часови, а за добра забава ќе биде задолжен АРЕНСИ БЕНД.

Хотелот РИВИЕРА е хотел со традиција кој нуди квалитет и беспрекорна услуга. Хотелот располага со 39 соби, опремени со клима уреди, кабелска телевизија, телефон, интернет приклучок, мини бар, тераса и поглед на езерото или кон прекрасниот Охрид.

Контакт: ++389(0)46268-735, ++389(0)46251-912,   contact@rivierahotel.com.mk

Фестивалски вечери


Вести

[29.01.2010]

ХОТЕЛОТ РИВИЕРА - Главен спонзор на „Охрид фест 2010„

повеќе

[06.10.2009]

ПРЕКУ "ОХРИД ФЕСТ" ДО "СУНЧАНЕ СКАЛЕ 2010"

повеќе

[22.08.2009]

Информации околу сместувањето пејачите можат да добијат кај Директорот на организација ЏИМИ – тел. 076 26 10 16 и 075 28 22 01

повеќе